Од 5 јуни стартува авио линијата Охрид-Белград. Цената на авио билетот ќе биде за 49 евра.
Во текот на летната сезона во 2023 година, Ер Србија ќе лета до 22 нови дестинации до кои не леташе во летната сезона од претходната 2022 година, се наведува во соопштението на компанијата.
Како што е најавено, од 4 јуни следната година националната авиокомпанија ќе започне да лета за Краков, а само еден ден подоцна, на 5 јуни 2023 година, за Охрид и Варна.
Авио билетите за овие нови дестинации се веќе пуштени во продажба.
Билетите за Охрид се достапни по цена почнувајќи од 49 евра, до Варна од 59 евра и до Краков од 69 евра по правец во економска класа. Ер Србија ќе лета до нови дестинации во Полска, Бугарија и Северна Македонија четири пати неделно, соопшти домашната авиокомпанија.
Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука