Хрватскиот дефанзивец Јошко Гвардиол импресионира со своите настапи во Катар и е еден од најзаслужните за новиот голем мундијалски успех на „коцкестите“.

Пет Невин, шкотската легенда на Челзи од осумдесеттите, особено се восхитува на она што Гвардиол го покажа против Бразил.

„Гледањето како игра Јошко Гвардиола е задоволство. Тоа е како да гледаш Ролс-Ројс. Тој човек е брилијантен. Тоа најдобро се виде во четвртфиналниот натпревар кога го чуваше Ричарлисон. Нормално е напаѓач кој лови сè, се чини дека може да фати гулаб во лет, но не може да биде побрз од Јошко Гвардиол“, изјави Невин.

Во големото полуфинале Хрватска ќе се сретне со Аргентина предводена од Лионел Меси.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO