
2022 Година и меѓународната политика-Што не очекува во 2023 –СРЕЌНА НОВА
Во светот владеат видливи и невидливи процеси каде не секогаш се кажува вистината на граѓаните и читателите и се сведува сето под фајл на Корисна Манипулација.
Не секогаш и политичарите се добро образувани, без емоции и со ладни глави.
Еклатантен пример за необразуваност се штабовите и лидерите на нашите две најголеми македонски партии.
Пет-шест години, така се забавуваме со нивната логика да овие кленови мора да голтнат она што сакаат да го изедат без да мислат што изеле , а да изедат баш она што им се допаѓа, а извнете и тоа не е лесно.
Не е лесно и да им зготвиш и да им спакуваш ем продадеш. Не е лесно ниту со политичарите но не е лесно ниту со граѓаните.Па за гласачи се работи нели, кои ете ништо ниту одлучуваат.
Намерата ми е на мојте читатели да им објаснам теми од високата политика кои ниту ги прочитале некаде ниту се сетиле дека сета ситуација се развива поинаку отколку што ги убедуваат оние бомбардирања на прокси серверите руски преку Белград и домашните неинтелигентни аналитичари и политичари. Те нели излеговме земја со најнизок И-КЈУ на Балканот.
Сакам полека да ве избавам од оваа налепница дека сме нискоинтелегентен народ.
Ние сме доволно интелегентен народ каде нашите поединци се далеку по интелегентни од сите балкански најпаметни и тоа сите тие топтан заедно. Веројатно не сме подложни и не се нервираме на математиката за просекот. Ок де тоа е.
Сите нив заедно да ги врзиш да опстојуваат во оваа земја имаше длабоко да ја раскинат, раскрварат и затоа нека не се прават пак многу паметни. Да ми простите ги знаеме што лајна се . И сега она главното-
Берлин –Александар Плац
Психолошките последици на еден агент на КГБ испратен во Источна Германија ги гледаме во најекстремен пример-Украина.
Москва и Путин од 2012 година се длабоко загрижени да еден православен, словенски народ има таква динамика во економски и демократски развој како Украина.
Ако ги гледавте добро филмуваните материјали во упадот од Русија врз Украина од 24 фебруари наваму ќе забележите-
Големи и модерни патишта. Семафори кои работат и во најголемите борби. Трактори огромни Џон Дир кои до тогаш не биле видени во тој регион. Фабрики нови и модерни, а народот опфатен со оптимизам за општество во развој, ем демократски развој со крајот на едното око го гледа целокупниот распад на комунизмот и создавање на нешто ново.
Е, затоа Украина не падна до денес.
Еден агент на КГБ во својот беден стан во Источна Германија уште тогаш ја разбрал инфлуенцата на Западен Берлин врз Германија.
Еден агент на КГБ во својата Лада Стандард бил запрепастен како една демократија на Западен Берлин го распаѓа не само Берлинскиот Ѕид, ја спојува Германија, го соборува комунизмот и го распаѓа еден автократски, СССР.
Ова е тајната на Путин, последици од младоста и неможноста да ги одбрани сите овие работи за кои дал заклетва кога стапувал на работа во КГБ.
Ова е тајната на Путин кои Украина, новото време во Украина, анти-империјалното расположение на украинците против Русија.
Моментот кога Порошенко го примаше Томосот од Васеленската Патријаршија и Укранската црква се осамостои, тоа беше знак за алармот на големиот брат да влези во пресметка со украинските предавници и да го брани целиот Руски Свет.
Рускиот Свет во медиумите и цела филозофија заличи на Српскиот Свет на Милошевиќ.
И светот на Милошевиќ беше ужаснат од падот на комунизмот, губењето на управувачката легислатива на СКЈ и СКС.
До 1999 година од 1991, Милошевиќ цели 8 години повторуваше дека Србија треба да биде со Русија.
Понудите од ЕУ на сведоците, Месиќ, Кучан, Глигоров да СФРЈ влезе во ЕУ и да стани повеќе партиска демократија ги замрзна реакционерите на комунизмот и социјализмот од Србија.
Русија откина дел од Молдавија кој дел сеуште е тврдо комунистички. Веројатно после Куба и С.Кореа е најтврд.
Додека Путин лесно го преболи падот на комунизмот и се снајде да направи еден од најавтократските режими до денес во Русија, поверуваја на сопствените лаги и пропаганди кои ете 20 години ги создаваја.
Поверуваја и на сета Распучинова-Дугинистичка реторкика во човек кои има хаотичен страв од демократија и отворено општество со зрел параленетарен систем.
Значи дека Путин одлучи да се брани од Западен Берлин (Украина) со мобилизација на Рускиот свет во Белорусија и Запорожје.
Намерно (демократски демек) ја испрати во странство сета можна богата интелектуална опозиција од 4 милиони луѓе.
Ова е повторување на она што го правеше Хонекер со Милке, Источните Германци, опозицијата да ги испраќа на Запад преку Унгарија.
Хонекер и Милке сметале дека сета капиталистичко/демократска опозиција и бунтовници преку Унгарија, а не директно ќе ги пратат на Запад и тие ќе владеат уште децении.
Но, тогаш им снема само време.
Дали Путин има време или му снемува или пак е во трка со време ,ќе дознаеме во следната епизода на Берлин Стејшн и психологијата на Агентот.
Преспанскиот Договор како удар врз Софија и Белград донесе шок во тие два центри.
Доколку сте патувале во Егејска Македонија, на улица со уличен вокабулар ја добивате стравотијата на дел од населението таму-За границите на нашата земја тие зборуваат дека се граничат со ….Србија.
Од друга страна пак Српскиот Свет мора да граничи со Грција. Затоа Зоран Заев и Забрчанец влетаја во новата позиција на Српскиот Свет кон нашата земја, после Преспанскиот Договор.
Ниту еден, ама ниту еден во Скопје не го забележа Белград пред, а Белград после Преспанскиот договор.
Имаше ли импликации однесувањето на Вучиќ спрема Скопје?
Разгневената Софија после Преспанскиот Договор, новата политика на пост-преспанскиот договор на Вучиќ уште повеќе ја разгневи.
Сега сме под опсада на Софија додека гледаме како Белград се однесува со Косово.
Било која политика да ја развиваат спрема Република Северна Македонија, застанува на Косово.
Било која политика да ја развиваат во Софија кон Скопје застанува на 30% и повеќе не македонско население.
Било кој политичар од Запад , кога не нарекува Северно Македонци мисли на целата композиција на население во оваа земја. Сите наредени во уставот, а од скоро ќе има уште други стамено наредени во тој устав.
Дали Преспанскиот договор го излуди овде населението? Да.
Нивниот сон е одамнешен дури од времињата на Сталин, Москва и Егејското Прашање на славомакедонците во Грција.
Спрема тоа што го читаме по коментарите во медиумите се забележува дека обичниот читател е шлогиран што сме ние во НАТО. Ма ако сме ние во НАТО тој не е во НАТО, тој е за Русија и за Путин.
Со Преспанскот договор овие опасни наши залетувања, излети на политичките раководства во минатото и иднината ги избегнавме.
Кога ги следите медиумите во Белград и Софија, се гледа улогата на пропагандата до каде дошла и сите нивни Копејкини. Цели 20 години со милијарди долари потрошени и не е малку и не е лош резултатот.
Македонија не можеше чесно и честито да го процени Путин во овие моменти. Не поголем дел на популацијата. Дури и Зоран Заев правеше катастрофални лоши проценки во односот со Белград.
Толку изгуби време во тоа да заборави да се посвети на Софија и не само тој туку топтан со сите негови.
Денес и во цела 2023 сеуште ќе бидеме во налет на фингираната Бугарска историја од која ќе се браниме со фингирана историја.
Со Белград кои не го признава Косово, треба секогаш да сме претпазливи.
Со Бугарија која официјално нема став по Русија, а е членка на ЕУ и НАТО, секогаш треба да бидиме претпазливи.
Нека не обвинуваат дека сме Американска колонија, дека не управувало Калето, па што.
Барем позициите ни се кристално јасни. Ние сме земја од едвај 1,8 милиони. Мали сме, глупави сме, но со позициите, можат вода да ни носат, тие попаметните.
Сега во 2023 ќе си се секираме за агентот Путин. Што ни преостанува на овие 1,8 милиони жители и ќе си гледаме сеири приредени од Белград. Тешко е да изгубиш територија иако ти припаѓа имагинарно. Тешко е.
Ма знаеме кога американскиот амбасадор во Белград зборува одлично македонски заедно со неговиот ценет колега Фил Рикер и уште многу таму во таа администрација.
Иако сериозно на сите ни недостига Хојт Ји. Каде ли исчезна тоа бистро момче.
Глупа држава, силен лоби. Што да правиме кога сме ете глупави. Нека се секираат паметните.
Ај Среќна Нова 2023 и оладете малку. Нашата позиција и не е толку лоша колку што си мислиме.
Автор: Даме Чкатроски
Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука
