Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, изјави дека 17 адреси на украинските амбасади ширум светот добиле писма-бомби или пакети со делови од животинско потекло, вклучително и кравји очи, во последните денови.

„Почна со експлозија во амбасадата на Украина во Шпанија“, изјави Кулеба. „Но, она што следеше по оваа експлозија беше почудно, да не речам болно“, рече тој во интервју за „Си-Ен-Ен“.

Писмо-бомба во украинската амбасада во Мадрид остави еден член на персоналот со полесни повреди во средата. Други писма беа испратени до шпанскиот премиер, вицепремиерот и до американската амбасада.

Портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи Олег Николенко изјави дека меѓу оние кои ги добиле пакетите има и амбасади во Унгарија, Холандија, Полска, Хрватска, Италија и Австрија.

На прашањето кој мисли дека стои зад писмата, Кулеба изјави за Си-Ен-Ен: „Во искушение сум да кажам дека веднаш треба да ја именувам Русија, бидејќи пред се’ треба да одговорите на прашањето, кој има корист од тоа? Можеби овој терористички одговор е одговор на Русија на дипломатскиот ужас што и’ го создадовме на меѓународната сцена и вака се обидуваат да возвратат додека ги губат вистинските дипломатски битки една по друга“.

Русија негираше каква било одговорност за пакетите во Мадрид. Во средата, шпанската амбасада објави: „Секоја терористичка закана или акт, а уште повеќе насочена против дипломатска мисија, е апсолутно за осуда“.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO