АД ЕСМ го зголеми производството на електрична енергија за 26% за 11те месеци годинава во споредба со истиот период лани.

Од јануари до ноември 2022г АД ЕСМ со термоелектраните РЕК Битола, РЕК Осломеј, ТЕЦ Неготино, гасната електрана Енергетика, хидроелктраните и системи Маврово, Тиквеш, Црн Дрим и Треска, и Ветерниот парк Богданци произведе 3.673.994 MWh електрична енергија што претставува 126% споредено со истиот период во 2021г., кога беа произведени 2.922.342 MWh.

Термоелектраните имаат натфрлање на производството од 29%, додека кај хидроелектраните е успеано да се одржи помало производство од планираното, се со цел водата во акумулациите да се заштеди за следниот период, и електричната енергија да се обезбеди преку другите капацитети.

АД ЕСМ има законска обврска во 2022г да го снабдува регулираниот пазар со 60%, но, по задолжение од Владата, го снабдува во 100% и по значително пониска цена, се со цел да не дојде дo драстично зголемување на крајната цена која ја плаќаат граѓаните.

АД ЕСМ со своето производство целосно ги задоволува потребите на регулираниот пазар, односно домаќинствата и малите потрошувачи.

Набавките на електрична енергија коишто ги прави ЕСМ Продажба, се наменети за дополнителните снабдувања кои се вршат по задолженија добиени од Владата, според кои со дел од преостанатата произведена електрична енергија, а дел набавена, се снабдуваат по пониска цена количините за техничките загуби на енергија во мрежата на Електродистрибуција и во мрежата на МЕПСО, за да не дојде до покачување на крајната цена на струјата за граѓаните.

По одлука на Владата, со субвенционирана енергија, односно со значително пониски цени, се снабдуваат прехранбената индустрија, училиштата и водостопанствата.

По препораки од Владата, ЕСМ Продажба по берзански цени, но со пониска маржа снабдува и одреден број витални објекти, како болници, клиники, детски градинки, министерства и други субјекти од значење за државата.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO