
Францускиот претседател Емануел Макрон по средбата со американскиот претседател изјави дека западните сојузници не треба да ги принудуваат Украинците на компромис со Русија, што за нив би било неприфатливо, пренесуваат агенциите.
– Никогаш нема да ги охрабриме Украинците да направат компромис што нема да биде прифатлив за нив – одговори Макрон на прашањето за потенцијалниот крај на војната.
-Тие се толку храбри и ги бранат своите животи, својата нација и нашите принципи… Ако сакаме одржлив мир, мора да ги почитуваме Украинците да одлучат за моментот и условите во кои ќе преговараат за нивната територија и нивната иднина, додаде францускиот претседател.
Тој посочи дека сојузниците ја зголемиле економската, воената и хуманитарната помош за Украина, пренесува „CNN“.
– Дополнително, поддршката на САД – и финансиска и во обезбедувањето на Украина со воено оружје – не е важна само за нападнатата земја, туку и за пошироката Европа. За стабилноста на нашиот свет денес – затоа што ако мислиме дека можеме да ја напуштиме земјата и да се откажеме од целосно почитување на овие принципи, тоа значи дека не постои можна стабилност во светот – рече Макрон.
Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука
