
Седумнаесет години ние се подготвуваме за овие преговори и тоа е најдолг период на подготвки на било која држава во историјата на ЕУ. Ние сме најдобро подготвениот кандидат за членство во историјата. Тимовите за секое поглавје се направени уште пред деценија и сум уверен ако процесот на преговори со ЕУ не биде базиран на историја, а биде базиран на реалните европски критериуми и вредности, ние во рекордно време ќе ги завршиме тие преговори, рече претседателот Стево Пендаровски на прес-конференцијата со неговиот германски колега Франк-Валтер Штајнмајер.
Претседателот истакна дека главен аргумент во падот на евроентузијазмот во регионот е на страната на Унијата, „бидејќи во последните години објективно не гледаме дека процесот на европски интеграции се движи напред“.
-Ми се чини дека ако вратата се отвори широко за целиот регион, ќе видите многу подобри резултати во поддршката на нашите граѓани за евроинтегративниот процес, оценува Пендаровски.
Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука
