Руските ракетни напади врз енергетската инфраструктура на Украина предизвикаа на територијата на половина Молдавија да снема струја, изјави денеска вицепремиерот Андреј Спину.

„Молделектрика работи на обновување на повеќе од 50 отсто од снабдувањето со електрична енергија во земјата“, наведе Спину, пренесе „Ројтерс“.

Полицијата и молдавската компанија која снабдува електрична енергија на југот и центарот на земјата побараа од граѓаните да останат смирени.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO