Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, за време на говорот пред пратениците на неговата партија, навести можна копнена офанзива против курдската народна милиција во Сирија по ескалацијата на меѓусебните напади и контра удари долж сириската граница во последните денови, објави „Ројтерс“.

Ердоган рече дека Турција е порешителна од кога било да ја обезбеди својата јужна граница.

Тој оцени дека операциите на турските вооружени сили истовремено ќе обезбедат територијален интегритет и на Сирија и на Ирак, каде што исто така се во тек операциите против курдските милиции.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO