Еден виц се споделува на нет, каде Катар пред 35 години бил сиромашна земја и еден бедуин пронашол нафта, гас и станале најбогата земја во светот. Русија пак од друга страна пронашле нафта, гас, ресурси од цел Менделеев систем, но никако бедуин не можат да најдат .

Многу аналитичари од запад ,можеби повеќе од 80% пред навлегувањето на руската армија во Украина на 24 фебруари не и даваше никаква шанса на Украина дека може да опстане повеќе од 10 дена при таа интервенција. Неколку првокласни и неколку второкласни аналитичари на армијата на Русија и даваја епски димензии, а ете корумпираната Украина водена од Зеленски комичарот е само квази држава која ќе се распадне при овој удар.

Денес пак 22.11.2022 година гледаме раѓање на една земја на која во иднина може и тоа како да се смета и не само тоа.

Земјата која се раѓа од овој конфликт, без разлика колку ќе се задолжи или изгуби од својата територија нема да биде воопшто за шега.

Русија и Белорусија сега ќе си ја имаат Украина на сопствената граница но не таа која ја посакуваја и замислуваја, туку една друга Украина која поприлично нема да ги есапи ниту размислува што мислат во Москва и Минск.

После Полска сега ќе си ја имаат и Украина.Полска пак се потсети на историјата со Русија и нејзините 40 -50 милиони жители заедно со тие 40-50 милиони жители на Украина ќе го создадат бедемот на Европа на Исток.

Таков бедем да повеќе нема никој да може да им украде од дома на пример машина за перење, а да не биде добро натепан.

Мир во Украина и некаков мировен договор ќе значи и реструктуирање на самата земја каде веројатно долго време на русите ќе им треба виза да ја посетат ,а визата да биде издадена од конзулатот на Украина во Калимантан, а ќе важи и за Полска.
Без разлика што еден ден ќе мислат во Брисел и Вашингтон, Украина и Полска ќе им го соопштат тоа ,дека повеќе лабаво нема да биде за нивните источни соседи.

Во Кремљ ваква штета до денес скоро да никој од политичарите нема направено, никогаш.

Доколку се изземе Сталин и психолошко-идеолошките причини поствоени, еден Хрушчов па до Брежњев и сите други ќе излезат повеќе сериозни политичари од сите денес на куп што се во Москва.

Парламентот во Русија е толку смешен и опасен да во нај црните денови на КПСССР присобраните парламентарци од цела територија беа далеку интелектуално по потковани од денешниот парламент на Русија.Впрочем изгледа се однесува ова за сите пост-комунистички земји каде парламентите им се интелектуално тотална ерозија во компарација со парламентите кога биле комунистички. Кај нас тоа е посебно изразено ама и смешно онолку на пример колку и во Србија.

Се игра на карта на еден автократ и разни парламентарни боргови кои благодарејќи на автократот и партијата тие се поставени таму каде што се и си се задоволни.

Цел пропаганден скап систем па и милиони евра за медиумите да ја разубават сликата.

Не е битно што возот заглавил на Богомила полн со млади, иднината на оваа земја. Проблем е што примиерот ставил директор на Железнички Транспорт кој го мрзи да обезбеди автобуси да ги превземи патниците. Таков распад на цел систем би донесол 1000 евра дополнителни трошоци на Железничкиот Транспорт, а патниците би биле задоволни.

И гледам грчка телевизија каде воз истоветно заглавен, одат 5 автобуси да ги превземат патниците и им се дели вода и сендвичи, а после чекање од 5 часови тука е и брза помош да не треба случајно да се најди.

Ние сме соочени со судар на цивилизациите благодарејќи на распадот на институциите и абсурдната корупција каде јахтите на тајкуните на Русија вредат за секој граѓанин на русија добие по 5 машини за перење плус 5 машини за сушење.

Ние сме соочени со убиство на институциите на народот. Истоветно пред многу години во зоните на конфликтот 2001 најмногу се пљачкосуваја бољери и телевизори од викендиците.

Армија и полиција која пљачка машини за перење,бољери и телевизори не може да добие нити една војна оти војската и полицијата не сакаат да ја добијаат војната за тие со јахтите.

Ним им треба бољер и машина за перење и тачка.

Така да украинците ќе си имаат секогаш машини за перење и бољери во тешко извојуваната победа, а некој во Москва скоро ќе праша за тие со јахтите.

Така и Македонија која се ближи на дното, а и малку ќе ископа заради стрпливост да биде подлабоко ќе ги праша- Мицковски, Ковачевски, Заев, Груевски, Апсиев и остали, два збора за бољерите и машините.
2023 година ќе биде многу интересна година каде ќе има многу прашања.Сакале тоа политичарите или не.

Интересно што тие прашања прв ги најави Ахмети. После 11 часови дебата во партијата. Изгледа дека иако другите 13 часови од денот не дебатирал,почнал подлабоко да размислува.

Добро е што Ахмети е таму каде што е и го прави тоа што треба да го прави, за инает на Вмро-Дпмне и СДСМ на кои секој последен потег им е далеку покатастрофален од тој на Ахмети.

Тој добива во завршницата, а сите други губат. Добро е што Македонија досега добивала со Ахмети, а губела со Вмро-Дпмне и СДСМ, па кој разбра разбра.

Да појаснам-Старо британско правило на управување со една земја, каде тој што има збор последен ја управува земјата, а е секогаш од малцинската група. Како пример може да се земи дури и Тито.
Ако го немате ова правило ќе бидете како Русија и Србија, а таму нема кој не губи во завршниците. Добро е што не сме ни едните ни другите.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO