Претседателот на Србија, Александар Вучиќ гостуваше во ТВ Прва, каде зборуваше за актуелни настани пред неговото патување во Брисел, како и за разговорите со премиерот на Косово, Албин Курти.

Вучиќ вели дека доколку утре не се постигне договор може да настане „пекол на теренот“.

„Бидејќи специјалната косовска полиција нема што да бара на северот на Косово. Србија ќе биде со својот народ. Србите ќе ги чуваат нивните огништа“, рече Вучиќ, а на прашањето дали тоа би значело дека може да има војна, тој одговори:

„Се надевам дека тоа нема да се случи, но повеќе не зависи од нас. Направивме се за да го избегнеме тоа“.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO