
Премиерот Димитар Ковачевски се обрати на настан по повод новата инвестиција на турската компанија „Текнопанел” во ТИРЗ Скопје 1. Станува збор за високотехнолошката компанија која ќе инвестира 20 милиони евра во изградба на нов производствен капацитет за производство на иновативни т.н. „сендвич” кровни панели кои истовремено нудат топлинска, хидро и звучна изолација, а отпорни се и на пожар, и особено се користат за покривни површини на индустриски згради. Производството ќе започне од следната година, а ќе се отворат 120 нови работни места, со просечна нето плата за вработените од околу 600 евра. Согласно инвестицискиот план, платите континуирано се очекува да растат.
Во своето обраќање премиерот Ковачевски истакна дека задоволството е уште поголемо што инвестиции и нови вработувања се случуваат во услови на најголемата светска енергетска криза.
„ТЕКНОПАНЕЛ одбраа да ја донесат својата инвестиција токму тука и ова секако не е случајно. Ние како Влада обезбедуваме можности и предности за инвестирање во Северна Македонија. Најпрво, ова е земја членка на НАТО, со почнати преговори за членство во ЕУ, затоа и е стабилен партнер. Поддршката која ја добиваат компаниите од државата во смисла креирање поволни услови за работа, исто така е важен предуслов за растот на инвестиции. И секако, ние тука имаме квалитетни, трудољубиви работници и затоа наш клучен услов се одржливи и добро платени работни места за нашите граѓани. Во ова кризно време, а со цел да се справиме посеопфатно со последиците, по моја насока ние активно делуваме по две линии. Реков дека никој нема да е оставен сам и затоа како одговорна Влада изминатиов период обезбедивме два пакети антикризни мерки за заштита на најранливите граѓани и компаниите во вредност од над 760 милиони евра“, изјави Ковачевски.
Затоа, продолжи тој, континуирано обезбедуваме 80% субвенционирана струја како и евтина струја за непречено функционирање на виталните функции на државата.
„Со последните мерки за евтина струја за прехранбената индустрија, очекуваме и да се намалат цените на лебот, млекото, месото и останатите основни производи и да го заштитиме стандардот на граѓаните. Од друга страна пак, многу важно е да имаме јасна стратегија за економски развој и долгорочна стабилност на земјата. Ние таа насока ја имаме. Мора да мислиме на иднината. И во овие тешки кризни времиња, наша задача е да обезбедуваме услови за креирање нови работни места, но секако и на подобро платени работни места за да се справиме со растечките трошоци за живот. И денес, тука сме, затоа што овој план за справување со кризата се исполнува, дава резултат. Покрај поддршката за најранливите и за компаниите, во Северна Македонија инвестираат глобални компании, и се отвораат нови и подобро платени работни места”, рече Ковачевски и додаде дека во следните два месеци до крајот на годината ќе бидат презентирани уште четири инвестиции“, истакна премиерот.
Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука
