Maкедонскиот фудбалски репрезентативец, Столе Димитриевски имаше нов брилијантен настап во Примера и беше еден од најзаслужните фудбалери на Рајо Ваљекано во сензационалната победа над големиот Реал Мадрид.

„Кралевите“ беа поразени со 3-2, а како што пишува „Sports Brief News“ македонскиот голман имал несекојдневно барање до предводникот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти. Наводно, Димитриевски не сакал да се менува со дресот со некој фудбалер на гигантот од Мадрид, туку го сакал елекот на Анчелоти.

Македонецот е голем фан на тренерот на европскиот шампион и му се восхитува на неговиот стил на тренирање и на неговото однесување со играчите.

Анчелоти е еден од најдобро облечените фудбалски менаџери, а елекот стана препознатлив детаљ од неговиот стајлинг. Дали желбата на Столе му се оствари засега не е познато.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO