Смешните партиски историчари и квази политичките елити во Македонија од нејзиното осамостојување не можат да согледаат една работа што им е пред нос , а камоли со овој интелектуален нивен развој каде совршено им е крадењето.

Ние цел наш интелектуален развој и еволуција во последните 30 години го сведовме на крадење и партизација.

Доколку добро ги изучите балканските работи од 1822 па до денесе еве цели 200 години, може да се заклучат 2 круциални работи по нациите-

1.На Балканот процесот за создавање на Нациите, сеуште не е завршен

2.Нацијата како таква се дефинира на крајот со признавање на нејзината црква од страна на Васеленската Патријаршија и соседите, и никако поинаку, за жал на легалистите.

Ова си тие Балкански процеси во кои ние претрпевме многу перипетии и сеуште работите не се дозатворени.

Хегемонијата на Балканските држави е нормална појава во цели 200 години. Сите војни на Балканот до денес се направени од тие хегемонии, во сударот на тие локални хегемонии често се изнедрувале нови нации.

Новите нации имале и нови сојузници,далеку по страшни и по крупни играчи од локалните хегемонии на Балканот.

Ниту една идеологија не создала нација во светот. За жал на националистите во Софија и Скопје како и наследството од комунизмот и идеолошкиот вокабулар на двете страни.

Раѓањето на Македонската Нација и јазик е поврзано со сударот на хегемониите на Белград, Софија и Атина.

По темата на Република Северна Македонија ,македонскиот идентитет и јазик, на овие хегемонии им е изгубена војната.

Тоа го знаат во Атина, го знаат во Белград, а Софија допрва треба да го осознае.

Не е битно дали сме биле бугари и потекнуваме од нив, од пред 150-200 години. Не е ни битно што ќе утврдат политичарите и историчарите.

Овие процеси не можат да се стопираат ниту да се врати колцето на историјата.

Но по рекацијата на нашите граѓани, осеќам горчина за нивното незнаење, не информираност, емотивност базирана на идеолошки празни флоскули и идеолошки фалсификувана историја.

Со овој интелект и е нормално да нашата борба одела потешко и сме една од последните нации формирана на Балканот. Посебно што и ден денес осеќаме пропагандата на националистите на Белград и Софија, а изборот за оружје за одбрана од ова ни е нашата неадекватна историја напишана во федерална единица, а цензурирана во Централните комитети на Скопје и Белград.

И не знам зошто ова е проблем за нас во овие 30 години. Трошиме беспредметно енергија.

СДСМ и Вмро-Дпмне со ДУИ и другите парламентарни партии време е од одма да изгласаат да се внесат бугарите во уставот. Тука нема за што да се губи време. Губиме време. Губиме 200 години време со нашиот низок интелект продавајќи магла и високо емотивен набој базиран на лошо поимање на нештата.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO