Ризикот од нуклеарен конфликт е голем поради руските закани, изјави денеска во Прага чешкиот претседател Милош Земан.

„Верувам дека во оваа ситуација земјите од целиот свет, а не само европските земји, би морале да дадат силен воен одговор“, рече Земан, пренесе агенцијата ТАСС.

Како што рече чешкиот претседател, меѓународната заедница треба да испрати јасна порака до руското раководство дека „доколку Русија употреби нуклеарно оружје во Украина, нема да има само дипломатска реакција, туку и воена, со сите последици што доаѓаат од тоа.”

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO