„Украинските сили навлегуваат во Лиман во регионот на Доњецк“, објави украинското Министерство за одбрана на Твитер.

Доцна синоќа Министерството за одбрана објави видео на кое се гледа како припадниците на 81-та воздухопловна бригада и Националната гарда ги соборуваат непријателските, односно руските знамиња во центарот на градот.

Украинската армија претходно вчера објави дека „опколила“ неколку илјади руски војници во овој град. Гувернерот на соседната Луганска област Сергиј Гаидај на руските војници во Лиман им понуди три опции: „да побегнат, да умрат заедно или да се предадат“.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO