Фудбалската федерација на Северна Македонија ќе добие санкција од УЕФА за исвиркување на националната химна на Бугарија, изјави извршниот директор на Бугарскиот фудбалски сојуз (БФС) Борислав Попов за БНТ.

Тој го спореди натпреварот со тој на Бугарија против Англија пред три години, кога нашиот источен сосед беше обвинет за расизам.

„На нашиот натпревар свирежите беа многу послаби и делегатот ги опиша. Колегите со кои разговарав и беа на натпреварот со Северна Македонија ми кажаа дека делегатот ги опишал. Не постои начин да се пропушти такво апсолутно неприфатливо, па дури и хулиганско однесување. Пред три години бевме казнети со 10.000 евра“, се сеќава Попов.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO