Од почетокот на војната во Украина, Русија загубила 5.937 војници, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Тоа е првпат Русија да ги открие своите загуби во Украина од март.

Исто така, Шојгу рече дека Украина загубила 61.207 војници од почетокот на „специјалната воена операција“, како што Кремљ ја нарекува инвазијата на земјата.

Од друга страна, Украина тврди дека Русија од 24 февруари до денес изгубила речиси 55.000 војници.

Делумната мобилизација стапува на сила денеска

Претходно, рускиот претседател Владимир Путин најави делумна мобилизација во Русија.

„Станува збор за делумна мобилизација, односно за регрутирање само на оние граѓани кои моментално се во резерва, а пред се на оние кои служеле во вооружените сили и имаат одредена воена специјалност и соодветно искуство“, нагласи Путин.

Според рускиот министер за одбрана, во делумната мобилизација ќе бидат вклучени и оние со воено искуство и дека ќе бидат повикани околу 300.000 такви лица.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO