Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денеска изјави дека Европската унија ќе остане цврста во поддршката за Украина, откако рускиот претседател Владимир Путин нареди прва мобилизација во таа земја по Втората светска војна.

„Кремљ најавува мобилизација додека земјите од Генералното собрание на ОН работат на соработка, безбедност и просперитет. Во оваа војна има само еден агресор – Русија и една нападната земја – Украина. Поддршката на ЕУ за Украина ќе остане непоколеблива“, напиша Мишел на Твитер од состаноците на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Претходно денеска Путин нареди прва мобилизација на Русија по Втората светска војна и го предупреди Западот дека Москва ќе одговори со моќта на својот огромен воен арсенал доколку продолжи со „нуклеарната уцена“.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO