Покана до медиумите за прес-конференција што ќе се одржи утре, денеска испрати поранешниот заменик-министер за внатрешни работи Оливер Андонов, кој остана запаметен кога беше избран за министер и на функцијата остана само еден ден, како и по изјавата дека не го известиле кога го поставиле за директор на ЈП „Јасен“.

„Ви упатувам покана за присуство на прес конференција во организација на фракцијата за демократско ревитализирање на ВМРО-ДПМНЕ, на тема: “Иницијатива за промена на Мицкоски од лидерската позиција”. Прес конференцијата ќе се одржи на ден 21.09.2022 (среда) во 12:00 часот пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје“, пишува во поканата што до медиумите ја испрати Андонов.

Нема информација за тоа кои други членови на партијата се дел од фракцијата.

Андонов вчера, во колумна на „Инфомакс“ напиша дека „поголемиот дел од нацијата е во тешка апатија и безизлезност“, од која „ дури и високи функционери (поранешни и актуелни) од ВМРО-ДПМНЕ, не верувајќи му на Мицкоски, не гледаат излез, но веројатно им недостасува и храброст да се спротивстават на апатијата и безизлезноста“.

„Време е за промени, за вистински личности со интегритет кои ќе ја вратат надежта и иднината во Македонија. Што би рекле, време е за мажи во политиката со јасна идеја и визија за Македонија, за сите нас, пред дефинитивно апатијата и срамот да не убијат како нација, но уште повеќе и како личности“, напиша Андонов.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO