Европската унија има намера да разговара за промена на принципите на одлучување, особено за можноста за укинување на ветото на иницијативите за воведување антируски санкции, пишува „Политико“, повикувајќи се на германската министерка за европски прашања, Ана Лурман.

– Многу сум оптимист дека може да се постигне напредок во однос на гласањето со квалификувано мнозинство – рече Лурман.

Таа објасни дека властите на ЕУ разговараат за можноста за укинување на правото на вето во областа на Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската унија.

Да потсетиме, претходно парламентарниот државен секретар на кабинетот на унгарскиот премиер Чаба Деметер антируските санкции на ЕУ ги нарече „средство за самоповредување“. Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека унгарското Министерство за надворешни работи ја прашало Европската комисија до кога ЕУ има намера да ја продолжи политиката на санкции против Русија, но не добиле јасен одговор.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO