Македонија би можела да добие уште еден претставник во шкотската Премиер лига, бидејќи шампионот Селтик наводно се интересира за услугите на Јани Атанасов.

Македонскиот репрезентативец, кој настапува за Хајдук, го привлекол вниманието на скаутите на шкотскиот гигант во дербито со Динамо Загреб. Клубот од Сплит нема да има ништо против продажба, доколку ја добие посакуваната цена. За интересот на Селтик, пишуваше хрватскиот новинар Ижак Анте Сучиќ.

Селтик работи на засилување на средниот ред, а една од опциите е и Атанасов. Шампионот на Шкотска се подготвува за настап во групната фаза на Лигата на шампионите, па ако го доведе во своите редови, македонскиот играч за врска ќе дебитира во елитното натпреварување.

Атанасов е член на Хајдук од 2020 година, кога пристисна од Бурсаспор, а претходно играше за Академија Пандев. Трансфер во Шкотска ќе биде чекор напред во кариерата. Во дресот на сплитските „били“, Атанасов одигра 59 натпревари, даде пет погодоци и запиша две асистенции.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO