Кинески истражувачки брод денеска пристигна во пристаништето Хамбантота во Шри Ланка, и покрај загриженоста од Индија и САД за шпионажа.

На Yuan Wang 5 му беше дозволено да се закотви под услов да не врши никакви истражувања додека е во водите на Шри Ланка, изјавија претставници на пристаништето по консултациите со Индија, САД и Кина.

Бродот требаше да пристигне минатата недела, но Шри Ланка побара од Кина да го одложи пристигнувањето поради протестите на Индија, која е загрижена за активностите на Кина во регионот.

Меѓутоа, во саботата по интензивни преговори, властите на Шри Ланка најавија дека бродот може да се закотви во Хамбантота и таму да остане шест дена.

Веб-страниците за анализа на поморскиот сообраќај го опишуваат Yuan Wang 5 како брод за истражување и надзор, но според индискиот канал CNN-News18, станува збор за шпионски брод.

Њу Делхи е загрижен поради зголеменото присуство на Кина во Индискиот Океан и нејзиното влијание врз Шри Ланка, која Индија ја смета за своја сфера на влијание.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO