„Усвојувањето на првата група на заклучоци и препораки на Заедничката историска комисија е добар исчекор напред“, пишува професорот Тони Дескоски на својот Фејсбук профил.

„Во Документот има две групи на препораки: Првите, за заедничко одбележување на личности. Вторите, препораки за учебниците по историја во двете земји.

Текстот е внимателно составен и добро балансиран.

Она што паѓа во очи, е тоа што иако има согласност за заедничко чествување на личности од средновековието, не е направен исчекор и со соодветни препораки за нашиот учебник по Историја за 7 одделение кога тие се изучуваат. (се надевам дека нема суштински разлики)
Препораките и заклучоците, како што и самиот Академик Георгиев истакнува, не се однесуваат на клучниот период, односно ХIX и XX век.

За тоа ќе треба многу време, кое (за жал) го имаме, имајќи предвид дека откако ќе започнат, преговорите за наше членство во ЕУ ќе траат многу долго (веројатно околу две децении).

И да ни биде на сите на јасно, Историската комисија само ја операционализира премисата за заедничка историја на двете земји. Таа премиса е во Билатералниот договор за добрососедство од 2017 година“, додава тој.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO