„Македонското дерби“ во рамките на најголемото хрватско дерби им припадна на Адеми и Ристовски и шампионот Динамо (З). На „Максимир“ вчера вечерта, Динамо (З) со голем пресврт во второто полувреме успеа да слави со 4:1 над лутиот ривал Хајдук, кој првото полувреме го заврши со предност од 1:0.

Со еден маестрален погодок во судиското надополнување од првиот дел Јани Атанасов го донесе во водство гостинскиот состав од 1:0, но во вториот дел Динамо (З) притисна, и во кусо време со два гола направи целосен пресврт. Најпрво батурина во 61. минута израмни на 1:1, а само три минути подоцна нашиот Аријан Адеми со глава беше прецизен за пресврт и водство на домашните од 2:1.

Гојак и Оршиќ во последните 5-6 минути од мечот уште двапати ја погодија мрежата на Хајдук за конечни 4:1.

За Динамо (З) Стефан Ристовски ги одигра сите 90 минути, додека Адеми излезе во 76. минута. Кај Хајдук Јани Атанасов остана во игра до 60. минута.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO