Латвискиот парламент ја прогласи Русија за држава која го поддржува тероризмот, соопшти прес-службата на парламентот.

Како што е објавено на веб-страницата на Сејмот, денеска е усвоена изјава во која „Русија е прогласена за држава која го поддржува тероризмот“, а акциите против населението на Украина се сметаат за тероризам, пренесува „Спутник“.

Пратениците ги повикаа земјите од Европската унија „веднаш да престанат со издавање туристички и влезни визи“ за Русите и Белорусите. Оваа мерка се разгледува во контекст на седмиот пакет европски санкции.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO