Премиерот Димитар Ковачевски информира дека во земјава за прв пат, ќе се произведуваат електричните возила e-GO. Тој појасни дека на денешната владина седница одобрено е владината поддршка за да се реализира оваа мултимилионска германска инвестиција, која ќе даде голем придонес во македонската економија.

-Првата фабрика од автомобилската индустрија во која за прв пат ќе се произведуваат целосни електрични автомобили се гради во ТИРЗ Тетово. Со изградбата на новата фабрика обезбедуваме нови работни места за нашите граѓани, договори за дополнитена соработка со други локални компании, извоз на производи со голема додадена вредност, пренос на знаење и технологии. Ова е можност Северна Македонија да биде мапирана од странските инвеститори од автомобилската индустрија, оценува Ковачевски.

Со оваа инвестиција, додава премиерот, Влада прави сѐ за да се обезбеди подобра иднина за граѓаните на Северна Македонија.

Мултимилионска инвестиција од НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ СЕ, Ахен, Германија во ТИРЗ Тетово ќе отвори 3-4.000 нови работни места.

-Придобивките од оваа инвестиција се многукратни – од отворање на нови работни места, извоз на производи со голема додадена вредност, пренос на знаење и технологии, мапирање на земјава кај странските инвеститори во оваа фела, до договори и дополнителна работа за локални компании, соопштија претходно од Владата.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO