Христијан Мицкоски доживеа дебакл со своите лаги и деструкции, со обидите да ја дестабилизира државата со крвави сценарија и да ја закочи на европскиот пат. Тој денеска е изолиран и осамен, освен проруската Левица на Димитар Апасиев, сите други па дури и коалициски партнери му го свртеа грбот на Мицкоски, стои во соопштението на СДСМ.

„Затоа денес Мицкоски нарачува анкети за да си го билда сопственото его и за да ја задржи фотелјата во Белиот дворец. Фингираните анкети, исто како и референдумот служат единствено за лична внатрепартиска употреба на Мицкоски“, додаваат оттаму.

Ништо не може да го скрие фактот, наведуваат од владејачката СДСМ, дека Мицкоски кој самиот се прогласи за анти ЕУ политичар работи на штета на државните и националните интереси.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO