Последните случувања на релација Русковска- Муареми покажуваат дека институциите надлежни за борба со криминалот го правеле токму спротивното. Меѓусебните обвинувања за прекршувања на законите даваат одговор зошто криминалот цвета во Македонија и зошто правосудството има само 8% доверба кај граѓаните, соопштија утрово од Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ.

Да имаше правна држава до сега за стотиците скандали и афери за оваа власт ќе имаше барем десетина разрешници. Но институциите наместо да го гонат криминалот на власта, тие го прикриваа и штитеа, па дури и биле злоупотребувани за лично богатење, велат, меѓу другото, од опозициската партија.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO