
„Гледаме од препукувањата помеѓу Вилма Русковска и Арафат Муареми како полека ќе почне да излегува сето она што го правеле, сето она што го ставале под тепих и мислеле дека нема да се дознае. Русковска и Муареми покажуваат како биле злоупотребувани институции, и тие обвинувања и индиции мора да имаат разрешница. Мора да се види како наместо борба против криминалот, тие го правеле?!“, соопштија денеска од ВМРО-ДПМНЕ.
„Муареми и другите институции во системот мора да кажат дали и ако да, зошто биле злоупотребувани истраги од страна на финансиската полиција за рекет?
Дали се отворани предмети за да се држат под закана од прогон луѓе или фирми, а потоа откако ги дисциплинирале ги ставале во фиока?
Русковска пак треба да каже зошто молчеле до сега и од кога знае за таквите наводи? Одговорност мора да има, и овој случај мора да се изведе до крај.
Дека институциите се трули покажува и даночниот криминал од скоро 100 милиони евра, кој бил правен со фиктивни фактури, а кој УЈП го криеше од јавноста се додека ВМРО-ДПМНЕ не обелодени сомнежи за криминал“, додаваат од Белата палата.
Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука
