Талибанските власти во Авганистан денеска потврдија дека лидерот на Ал Каеда, Ајман ал Завахири, бил убиен во неделата во Кабул со проектил истрелан од беспилотно летало и ветија дека ќе започнат истрага за ова прашање.

Неименуван талибански функционер претходно денеска најави дека ќе ги испита „американските тврдења“ дека лидерот на Ал Каеда Ал Завахири бил убиен во напад на американско беспилотно летало во Кабул и рече дека раководството на организацијата не знаело каде се наоѓа во моментот на нападот , пренесува АП.

Ајман ал Завахири, еден од најбараните терористи во светот, одигра клучна улога во нападите на Њујорк и Вашингтон на 11 септември 2001 година – заедно со основачот на Ал Каеда, Осама бин Ладен, кој беше убиен од Американските сили во 2011 година во Пакистан.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO