Езџјан Алиоски е нов фудбалер на Фенербахче, на турскиот гигант. Оваа информација предмалку ја потврдија и од самиот клуб од Истанбул. Па така нашиот репрезентативец, иако беше долго во преговори со Трабзонспор, Бешикташ, па и Галатасарај, сепак во наредниот период ќе го носи дресот на Фенер.

„Фенербахче постигна договор во принцип со Алиоски за заем од саудиски Ал Ахли. Вечерва Алиоски доаѓа во нашиот клуб на завршниот договор и ќе биде промовиран“, објави Фенербахче.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO