Дали е после свадба тапани, не знам. Уставот предвидува два типа референдум, пред и по носење одлука. Но тоа е погрешната стратегија на СДСМ и нивните ментори. Вториот процес – промената на Уставот гарантирам дека нема да се случи, но не се фокусираме на тоа. ние се фокусираме на преговарачката рамка, во членот 5, каде е вметнат Протоколот и билатералниот договор. Тука треба да одлучат граѓаните дали прифаќаат ваква преговарачка рамка, која што ниту една од 27 земји-членки и сега Албанија како 28, немале. Само ние имаме, вака денеска прокоментира претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски околу собирањето потписи за евентуален референдум, како што најави пред неколку дена.

Според него, Софија може да се повлече пред вториот кластер.

-Не би ме чудело тоа. Имам некакви информации дека Софија може да се повлече од барањето за уставни промени. Да не ве чуди ако Софија се повлече од барањето и тука да излезе власта и да рече ние го направивме ова. Не, тоа е маневар, затоа што они знаат дека доаѓа силна влада од ВМРО-ДПМНЕ. Во однос на собирањето потписи за референдум, траат консултациите, три месеци трае процесот на собирање 150.000 потписи. Знам дека некои во Парламентот ќе опструираат за да нема референдум, исплашени се. Трпеливо, не ни се брза, сакаме секој чекор внимателно да го изодиме, рече Мицкоски.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO