ВМРО-Народна партија упатува честитки по повод отпочнувањето на преговорите за членство на Северна Македонија во Европската унија.

Од партијата на Љубчо Георгиевски велат дека отворањето на новото европско поглавје, по 21 година од потпишувањето на „спогодбата за стабилизација и асоцијација со Европските заедници и нивните земји-членки“, претставува значајна историска пресвртница за Македонија и е плод на децениски макотрпни процеси на многу генерации кои низ годините оставаа свој белег при трасирањето на патот кон Евроинтеграциите.

„Скринингот кој претставува првиот чекор само ќе ги потврди реформите кои Северна Македонија низ годините ги имплементираше се со цел да се усогласи со европските закони и правни начела“, се наведува во соопштението на ВМРО-НП.

Како што се додава, овој чекор ја отсликува вистинската визија за Европска Македонија која дополнително ќе ни отвори нови предизвици и перспективи во поглед кон развојот на Северна Македонија како и економска стабилност за граѓаните, а сето тоа со загарантиран и признаен македонски идентитет.

ВМРО-Народна партија од своите зачетоци до ден денешен се залага и во иднина ќе го дава својот придонес кон зацврстување и унапредување на Северна Македонија во држава, достојна членка на Европската унија, велат од партијата.

 

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO