Фото: Роjтерс

Финскиот парламент денеска усвои закон со кој ќе се овозможи поставување на бариери на границата со Русија.

„Ројтерс“ пренесува дека таканаречениот „закон за подготвеност“ бил усвоен со големо мнозинство, што ѝ овозможи на Финска веднаш да го стави законот на сила.

Потегот на Финска се толкува како мерка на претпазливост против можна руска одмазда за одлуката на оваа нордиска земја да се приклучи на НАТО.

Законот ќе има последици и за барателите на азил во Финска, бидејќи ќе ѝ дозволи на владата да изгради огради и бариери на границите и да ги насочи сите баратели на азил на еден од неколкуте официјални гранични премини, пишува „Гардијан“.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO