„Ниту една друга земја не си дозволила да даде појасен сигнал до Кремљ. Ова е интересен потег и според нашите сознанија не е договорен со САД, но беше одобрен. Во останатите земји се откриваат шпиони, но се гонат помалку руски дипломати. Слични потези најчесто прави Холандија. Од Кремљ има недоразбирање дека Бугарија не може да биде тивок сојузник. Бугарските служби имаат податоци. Не мислам дека градинарите и готвачите се Џејмс Бондовци, но на Москва и беше покажан гест дека не може да има толку многу руски вработени во нашата земја. Она што Кремљ не сака да го прави е да изгледа слаб“, изјави за БТВ новинарот Христо Грозев.

„Како во Бугарија, така и во другите земји има средби меѓу руски дипломати и „инфлуенсери“, на кои им се предаваат коверти со пари. Барем таква информацијата имаме со години. Продолжуваме да го истражуваме поткупувавето на медиуми. Тие се плаќани со 300-400 лева по материјал. Честопати парите се даваа преку посредници. Македонски коментатор и аналитичар чија задача е да пушта готови материјали до бугарските медиуми, при што им плаќа да бидат публикувани. Се знае меѓутоа, дека тие материјали доаѓаат од специјалните служби во Кремљ. Имаме информации дека и поголеми сајтови добивале пари за слични нарачки“, кажа уште Грозев. Тој додаде дека Алексеј Навални е во затвор, каде што е подложен на тешко психичко малтретирање. Според него, тој работи како кројач, а следната „дестинација“ на која ќе биде испратен е Сибир. Грозев е категоричен дека Русија прави се за да го исклучи од општествениот живот и да не може ниту да се види со семејството.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO