Претседателот Георги Прванов (2002-2012) повика на конструктивен пристап во односите по оската Софија-Скопје.

„Колку и да е едноставен францускиот предлог, тој е дипломатски воздржан, дава некаква основа и насока за излез од оваа неколкугодишна дипломатска криза. Така што, да се надеваме дека ќе се направи потег и оваа сага ќе заврши, кажа Прванов, кој учествуваше на прес-конференција на партијата АБВ, на која присуствуваа Румен Петков и пратеникот од „БСП за Бугарија“ Владимир Маринов.

Но, тој нагласи – со ветото Бугарија ја загубила битката за историјата. „Очигледно со ветото не можеме да го смениме ставот на македонското општество. Нешто повеќе, од најблиски народи, какви што бевме и како што бевме прогласени од двајцата премиери Борисов и Заев, станавме најнепријателски, додаде тој.

Прванов додаде – треба да се работи на обновувањето на билатералните односи, но не, како што наведува француското претседателство и намерата на кабинетот „Петков“, тоа да се случува преку европските институции. „Тоа нема да стане, како што не станало пред повеќе од 100 години“, категоричен беше поранешниот шеф на државата.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO