Бугарија беше првата држава што ја призна независноста на Македонија и втората држава што ни стави вето за ЕУ. Мислам дека последното беше многу лошо дејство и сегашните проблеми веројатно започнуваат од тоа. Ова го кажа во „Добро утро Европа“ Денко Малески, првиот министер за надворешни работи на Македонија по прогласувањето на нејзината независност.

„Во интервјуто со покојниот Георги Коритаров, јас предупредив за опасноста од можно вето (тоа сè уште не беше наметнато), знаејќи дека кога една дрвања ќе се постави на таква траекторија (како што тоа го направи Грција порано), многу тешко се излегува од таму и ќе произлезат многу проблеми. Токму тоа се случи и мислам, дека резултат ма тоа големо незадоволство е и тоа, како што се случи – отфрлањето на „францускиот предлог“ од нашите политички претставници“, кажа Малески.

„Денес (вчера – заб. ред.) е последниот ден од француското претседателство и дали тоа ќе продолжи и при чешкото претседателство – јас не знам, но колку што разбрав, требаше да биде завршено при француското . Од наша страна, премиерот Ковачевски вчера во парламентот повторно го отфрли предлогот под изговор дека поставува одредени услови кои не можеле да се исполнат за краткото време на француското претседателство. Пропаднаа последните напори на министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој беше во Софија – очигледно нема вести, така што ситуацијата е полна со неизвестности“, коментираше тој.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO