Премиерот Димитар Ковачевски утрово информира дека во 11 часот во Владата ќе се одржи средба на лидерите на партиите од владината коалиција на која ќе се разгледува предлогот на француското претседстелство.

-Веднаш по средбата, предлогот во интегрална форма ќе го објавиме на официјалната веб страна на Владата. Во текот на денот, покрај средбата со коалицијата, ќе се одржат низа консулатации и разговори со експертската и стручната јавност како и медиумите. Како што веќе најавив вчера целиот процес ќе се одвива транспарентно, а јавноста во детали ќе биде запознаена со сите следни чекори, објави Ковачевски.

Премиерот повикува на одговорност од сите релевантни чинители во општеството.

-Шпекулации за важни државни и национални прашања не одат никому во прилог. Оттука, апелирам до сите политички актери и медиумите да се потпираат на официјалните информации од институциите. Барам конструктивност и поддршка од сите чинители за да донесеме мудра одлука во интерес на сите граѓани, порача Ковачевски.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO