Стотици украински војници завршија воена обука во Велика Британија, вклучително и онаа за системи за лансирање ракети со повеќе цевки (MLRS) што британската влада му ги доставува на Киев како форма на помош во борбата против руската артилерија, пренесува „Ројтерс“.

Новинарите беа поканети да ги снимат деталите од обуката, каде што можеше да се види како украински војници ги полнат и пукаат од лесни топови од 105 милиметри за време на вежбите во Солсбери, јужна Англија, како дел од програмата за повеќе од 450 припадници на украинските вооружени сили поддржани од Нов Зеланд, а прикажани се и MLRS системи кои се користат, наведува британската агенција.

Тоа е дел од поширокиот меѓународен пакет за поддршка за Киев, по руската инвазија на 24 февруари, со која Западот се обидува да ѝ помогне на Украина да ги одбие руските сили преку обезбедување на се понапредни системи за оружје и обука за нивна употреба.

За време на посетата на Киев овој месец, британскиот премиер Борис Џонсон понуди да започне голема операција со потенцијал за обука до 10.000 украински војници на секои 120 дена, објави „Ројтерс“.

 

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO