Рускиот претседател Владимир Путин и понатаму сака да го преземе поголемиот дел од Украина, а овој конфликт најверојатно би можел да трае долго, сметаат американските разузнавачки агенции, пренесува Би-Би-Си.

Американските власти, исто така, проценуваат дека руските трупи се толку ослабени од борбата што можат само да постигнат бавен територијален напредок.

Директорката на американската национална разузнавачка служба, Аврил Хејнс, смета дека Путин сè уште ги има истите цели како оние што ги имаше на почетокот на конфликтот, да окупира поголем дел од Украина, но тешко дека Русија наскоро ќе ја постигне таа цел.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO