Руската армија ги повлекува силите од Змискиот остров како гест на добра волја, соопшти руското Министерство за одбрана.

„Ова ѝ покажува на светската заедница дека Руската Федерација не се меша во напорите на ОН за организирање хуманитарен коридор за извоз на земјоделски производи од територијата на Украина“, се вели во соопштението на Министерството.

Змискиот остров, кој се наоѓа на околу 140 километри јужно од Одеса, беше заземен од руските сили во првата фаза од специјалната операција, додека украинските трупи стационирани таму се предадоа.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO