Додека го чекаа доаѓањето на американскиот претседател Џо Бајден и другите светски лидери на самитот на НАТО во Мадрид во вторникот, меѓународните претставници и новинарите беа збунети кога видоа дека на менито во еден од рестораните има руска салата, пренесува Ројтерс.

Салатата од грашок, компири, моркови и мајонез често е незаменлива на менито на шпанските ресторани, но пред самитот на кој се очекува Русија да биде означена како безбедносна закана во новиот стратешки концепт на Алијансата, поради нејзината инвазија на Украина, руски салата беше вистински шок за сите присутни.

„Руска салата на самитот на НАТО? Малку сум изненаден од ваквиот избор на јадења“, изјави новинарот Ињаки Лопез за шпанскиот медиум „La Secta“.

На крајот, сепак, се чинеше дека тоа не беше толку голем проблем, бидејќи храната се распродала за неколку часа.

Сепак, дипломатските размислувања беа повеќе насочени кон менито што им беше сервирано на министрите за одбрана и за надворешни работи кои беа во посета на банкетот одржан во барокната палата Санта Круз во центарот на Мадрид во вторникот вечерта.

Хозе Андрес, шпански готвач прикажан во серијата „Сто готвачи“ на Нетликс, послужи класична тапа, но додаде „кнедли од домати“ и ја нарече „украинска салата“, како што прави во неговите ресторани низ Шпанија.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO