Европската унија ќе треба да ги трпи последиците од нејзиното отсуство на единство во однос на Западниот Балкан, вели поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас и лидер на левичарската партија Сириза, во заедничката статија објавена на Exit и на EURACTIV.

Ципрас го коментираше повеќекратниот неуспех на ЕУ да им одобри отворање формални преговори на Албанија и на Северна Македонија.

„Мислам дека ова е уште еден пример за неспособноста на Европската унија како целина да носи колективни одлуки со стратешки фокус. И мислам дека ЕУ веќе плати и ќе плаќа за тоа во иднина“, вели Ципрас.

Тој подвлекува дека Комисијата била свесна дека двете земји ги исполнуваат критериумите за пристапување, но тие остануваат во чекалната на ЕУ, пред сè поради немањето консензус меѓу земјите-членки, а сега негова замена е ветото на Бугарија за Северна Македонија, за културни и историски прашања.

„Северна Македонија е кандидат ​веќе 17 години, а Албанија е со таков статус од пред осум години. Одлуката на Самитот на ЕУ ја потврдува несигурноста на Европа кон оние земји кои направија многу важни чекори, а перспективата за датум за пристапни преговори постојано се одложува. Европа не треба да дава ветувања ако не може да ги исполни“, смета поранешниот грчки премиер.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO