
Претседателот на Франција, Емануел Макрон на прес-конференцијата спомена дека има нов развој на ситуацијата во однос на почетокот на преговорите со ЕУ на Македонија и Албанија.
„Сакам да го поздравам гласањето во бугарскиот Парламент кој отвора пат за укинување на ветото и отворање на преговорите за пристапување на Северна Македонија и со тоа напредок на албанското досие, рече Макрон попладнево на прес-конференцијата во Брисел, пренесува дописничката на МИА од Брисел.
Тој додаде дека по ова гласање во следните денови ќе продолжат размените на мислења со партнерите во Бугарија и Македонија.
„Машината е подготвена за да се одобри тоа што ќе биде одлучено, ова е многу добар сигнал, сакам да му честитам на бугарскиот премиер и опозициските сили кои се здружија околу ова гласање, но и да им се заблагодарам на северномакедонците за напредокот“, рече Макрон и додаде дека „има уште работа“.
