„Бугарија се претвора во проблематична земја која ги попречува процесите на развој на ЕУ. Ние немаме место во тој простор на попречувачите, имаме место во просторот на развој – да предлагаме дневен ред, да наметнеме различни гледни точки кои да ја направат ЕУ многу поефикасна и таа да работи и за бугарскиот национален интерес. Една од темите за Бугарија требаше да биде лидер е поврзана со проширувањето на ЕУ и како Албанија и Северна Македонија треба да бидат дел од него.

Ова во интервју за БНР го изјави Илхан Ќучјук, европратеник од „Обнови ја Европа“, член на Комисијата за надворешни работи во ЕП и известувач за Северна Македонија, копретседател на АЛДЕ.

Тој категорично нагласи дека не ја поддржува идејата РС Македонија и Албанија да бидат одвоени во преговарачкиот процес, бидејќи тоа дополнително ќе го искомплицира меѓународниот имиџ на Бугарија.

Илхан Ќучјук ги определи предлогот на француското претседателство со Советот на ЕУ како најдобар за Бугарија досега:

„Дали тој ќе биде усвоен од Софија и Скопје е друго прашање… Категорична грешка беше да се префрла прашањето како топол компир во Народното собрание. Ставот на Бугарија требаше да биде искован од Министерскиот совет, како што е според Уставот – надворешната политика се води од Министерскиот совет, а не од парламентот“.

Според европратеникот, задолжително било да се има консензус во мислењето на владејачката коалиција, која не успеала да најде консолидација кај себе и се занемарувало вклучувањето на опозицијата.

 

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO