Премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска по пристигнувањето на Самитот на ЕУ изјави дека е срамота што една земја на НАТО, Бугарија, „киднапирала“ две други членки, Северна Македонија и Албанија, на нивниот европски пат во време кога на Европа ѝ се заканува војна, при што 26 држави седат мирно, покажувајќи ја својата немоќ.

Рама им рече на новинарите дека ова е нов ден во Европа, но не и во Бугарија.

Тој рече дека Албанија знае дека секогаш има некоја Бугарија на европскиот пат, но дека нема да го промени својот курс, дека ќе продолжи да ја гради Европа во својот дом.

„Отворен Балкан“ е реален одговор на ситуацијата во која го продолжуваме патот на интеграцијата бидејќи немаме алтернатива, додаде тој.

На прашањето дали Косово треба да се приклучи на „Отворен Балкан“, Рама одговори дека иницијативата е отворена за сите.

Според него, Албанија го прави своето, ги спроведува реформите и ќе продолжи не само затоа што тоа го бара Брисел, туку и затоа што тоа го бараат нашите деца.

На прашањето дали го поддржува статусот на кандидат за Украина, Рама потсети дека Северна Македонија е кандидат веќе 17 години, Албанија осум и дека Украинците не треба да имаат многу илузии.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO