Нашата положба како земја е дел од Декларацијата донесена во Собранието и за која гласаа сите пратеници од сите партии. Тоа е позицијата на Македонија. Во однос на атмосферата на состаноците, не можам, а да не кажам дека колку што се поблиски земјите до нас, толку повеќе ја разбираат средината во која што одредени разговори се развиваат и имаат подлабинско познавање на прашањата што се тука. Сепак дискусиите се многу конструктивни и отвораат можност во иднина за поголемо ниво на разбирање и дека процесот на проширување ќе биде засновано на заслуги и дека билатералните прашања нема да бидат пречка, истакна премиерот Димитар Ковачевски од Брисел, каде што претстојува на самитот ЕУ-Западен Балкан.

Премиерот рече дека поради францускиот предлог дојде до голема хистерија во Македониjа.

-Изненаден сум од луѓето што се нарекуваат експерти и тврдат дека знаат како се одвиваат процесите, се тие што ја креираа најголемата хистерија во земјата. Произлезе дека тие не ни знаат како се изработуваат предлозите и како се споделуваат меѓу земјите-членки и земјите-кандидати. Произлегува дека го прават во интерес на трети страни, рече Ковачевски како одговор на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со Вучиќ и Рама во Брисел.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO