Премиерот на Албанија, Еди Рама вели дека ги почитува сите грижи на Бугарија, но е ужаснат од начинот на кој што се обидуваат да го решат проблемот.

-Киднапираат две земји-членки на НАТО. С. Македонија нема да влезе во ЕУ утре или следната недела. Има уште толку време прашањето да се реши во иднина. Процесот како што е полн со трикови и замки и на секој агол ве чека замка и таму можат да ве запрат. Бугарија може да го користи тоа право со децении. Среде војна, да продолжите да се борите за нешто, ја трансформира ЕУ во една смешна реалност. 26 земји се парализирани и рацете им се врзани затоа што една земја воведува вето. Ова ме ужаснува. Жалам многу, рече Рама како одговор на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со Ковачевски и Вучиќ во Брисел.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO