Украинскиот министер за одбрана Oлексеј Резников денеска соопшти дека во таа земја пристигнале американски високомобилни артилериски ракетни системи (HIMARS).

– Му благодарам на мојот американски колега и пријател министерот за одбрана Лојд Остин за овие моќни системи! Летото ќе биде жешко за руските окупатори. И последно за некои од нив – објави Резников на Твитер, пренесува „Ројтерс“.

Според британската агенција, украинскиот министер за одбрана не навел како артилериските ракетни системи пристигнале во таа земја.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO